Во Делчево ќе се одржи едукативна трибина за производителите и откупувачите на слива од регионот

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Вторник (12.02.2019) со почеток во 11:30 часот, во фоајето на спомендомот АСНОМ ДЕЛЧЕВО ќе се одржи едукативна трибина со производителите и откупувачите на слива и друго коскесто овошје на тема  Мерки за превенција и сузбивање на штетниот организам Monilinia Fructicola кај коскестото овошје“.

На средбата ќе присуствуваат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фитосанитарна управа, Државниот инспекторат за земјоделство, Факултетот за земјоделски науки и храна, како и од Агенцијата за потикнување и развојот на земјоделството.

Едукативната трибина е дел од активностите предвидени со цел во претстојната сезона да се отстрани временото ограничување за извоз на коскесто овошје од Република Македонија  во Руската Федерација.

Оваа трибина ќе биде од регионален карактер во кои се опфатени општина Делчево, М.Каменица, Берово и Пехчево

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *