Несовесни во Штип и Делчево искршија урбана опрема за пет илјади евра. Изминатите 24 часа, работи кои ги поставиле општините и јавните претпријатија, на некои им сметале многу.
Во Штип, искршеното и уништеното е вредно околу 4.000 евра, а несовесни беснееле на повеќе локации:
- Беа скршени некаде 20 стуба, беа фрлени корпите за отпадоци во Брегалница, скршени се клупи, така што граѓаните макотрпно плаќаат даноци, но очигледно дека тоа на некој не му се допаѓа, изјави Ангел Бојаџиев, дир. на ЈП „Исар“ – Штип.
Освен надлежните, ваквото однесување го осудија и граѓаните:
- Не е убаво, не е човечки, изјави анкетиран граѓанин.
Во Делчево пак, мета на вандали биле информативните табли на биодиверзитетот покрај реката Брегалница :
- Ова го пријавија граѓани до општината, 21 табла кои беа поставени во рамките на проектот за биодиверзитетот, се откорнати и фрлени во реката, изјави Тони Стоименовски, општина Делчево.
Ова не е прв случај на уништување на урбана опрема во центарот на Делчево:
- Претходно беа скршени светилките донација од Швајцарија, изјави Тони Стоименовски, општина Делчево.
Инаку, Патеката на биодиверзитетот е градена во рамките на прграмата за зачувување на природата и со донација од 500 илјади денари од Швајцарската агенција заразвој и соработка и исто толкаво учество на општината.
Двата случаја во Штип и Делчево, се пријавени во полиција, но пронаоѓањето на вандалите, вообичаено, е тешко, зашто сведоци на нивното дивеење никогаш нема.