Во Австрија никој не сака да се вика Адолф

Од крајот на Втората светска војна наваму, името Адолф станува сѐ помалку користено, што речиси и нема веќе луѓе кои се викаат така, покажуваат статистичките податоци.

Во изминативе 33 години речиси и нема луѓе кои го добиле ова име.

Истражувањето поттикато од филмот „ What’s in a Name?“ од 2012 година во кој еден брачен пар сака да му го даде името Адолф на своето дете, покажа дека името на нацистичкиот лидер Хитлер станало непожелно во Австрија.

Пред околу 70 години, името Адолф било високо рангирано на листата најомилени имиња, денес воопшто не доаѓа предвид.

Во 1984 година само 11 двојки му го дале името Адолф на своето дете, а во 2017 немало ниту едно дете регистрирано во матичната книга на родените во Австрија со тоа име.

Една година претходно само една двојка го крстила детето Адолф, и тоа во покраината Корушка.

Во изминативе 20 години, само 1998 и 2003 биле годините кога „најчесто“ се давало ова име на децата – дури по три пати.

Адолф Хитлер бил роден во Браунау, Австрија на 20 април, 1889 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *