Вонредна вест: Силен пожар беснее во село Саса

Македонска Каменица, 28.03.2019 година – Во текот на доцните попладневни часови, на просторот над село Саса (Јуручки гробишта и Трканица) во општина Македонска Каменица е забележана појава на силен пожар кој и во моментов е активен со несмален интензитет.

Во моментот гори нискостеблеста борова шума од бор и папрат, но постои опасност од проширување на огнот кон поголема површина борова шума.

Од ТППЕ изјавуваат дека ја следат состојбата на терен, кој е исклучително тежок и непристапен за делување во ноќни часови, но немаат прецизна процена на опожарениот простор зафатен од силниот пожар кој не престанува да беснее во текот на изминатите часови.

Наведуваат дека, стравуваат од можноста истиот, во зависност од временските услови и ветрот како фактор, да се прошири кон населениот дел од тој простор, односно маало Трканица.

Во моментот итен состанок има Координативниот штаб за справување со кризи во Македонска Каменица, состојбата се следи од екипи на терен. Во текот на раните утрински часови ќе се пристапи со гаснење на 23-от по ред активен пожар во текот на 2019 година на територијата на општина Македонска Каменица. Не се исклучува можноста да биде побарана и помош за авионско делување врз пожарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *