ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Во вегетаријански оброк пронашол глушец

Советникот во Општина Битола Иван Чулакоски на својот Фејсбук профил ги повика надлежните органи да реагираат откако во производ купен од Кам маркет пронашол натрапник.

„Го сакам КАМ во поштенско сандаче!!! Јадиме здрава храна… Семката ваша!!!
Ројал микс со глушец. 🤮🤮🤮

Кај да го пријавам ова?, напиша Чулакоски и објави и фотографии од производот.

Тој ги повика Владата, вицепремиерот Љупчо Николовски, Агенцијата за храна и ветеринарство, Кам маркет, Националната канцеларија за заштита на потрошувачите како и македонските новинари да го истражат случајот.

Според декларацијата, производот е пакуван во Србија, а увозник е Кам маркети.

Извор: Слободен печат

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *