Вознемирувачко видео од тепачката во Струмица

Видео од тепачка во центарот на Струмица кое се појави на  социјалните мрежи ги вознемири граѓаните. На видеото се гледа како поголема група бркаат едно лице, а потоа го удираат истото. Видеото масовно се споделува по социјалните медиуми, но за сега нема информации кој и зошто ја предизвикал тепачката. Од СВР Струмица само го потврдија настанот, но детали не соопштија.

,, На 18.03.2021 година околу 12.00 часот во Полициската станица Струмица настанот бил пријавен од граѓани.

Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Основното јавно обвинителство Струмица презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.,, стои во писменото известување на СВР Струмица.

Настанот го потврдија и Од јавното обвинителство.  Тие веќе отвориле предмет и работат на истиот, но и од таму не соопштуваат повеќе информации.

Извор: Сител

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *