Возете внимателно: Зачестени одрони на патниот правец Кочани- Каменица- Делчево

18. јануари 2018 каменица.мк

Сообраќајот на државните патишта во државата се одвива по влажни коловози, а на некои места со остатоци од кашест снег по коловозите.

Поради обилните дождови ко го зафати  источниот регион од државата појавата на поголеми одрони на патниот правец КОЧАНИ – КАМЕНИЦА – ДЕЛЧЕВО е особено зачестена. Истите предизвикуваат големи потешкотии во сообраќајот и отежнато движење на возилата и во двата правци. Препорачливо е почитување на сообраќајната сигнализација и двојно поголема претпазливост во сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Други места и патни правци каде е можна појава на одрони: Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Leave a Reply

Your email address will not be published.