Воведено скратено работно време во општина Македонска Каменица поради Ковид – 19

Македонска Каменица, 20.03.2020 година – Согласно заклучоците донесени на 23 Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 19 март, а поради спречување на опасноста од ширење и зараза со Ковид – 10 вирусот, општина Македонска Каменица ќе работи со скратено работно време во периодот од 08:00 до 12:00 часот секој работен ден.

Претходно донесената забрана за влез на странки продолжува да важи: Поради тоа ги известуваме странките кои имаат потреба и соработка со ЕЛС Македонска Каменица, преку електронски пат да ни се обратат во наведениот период од денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *