Четриест и деветгодишен гостиварец е повреден откако експлодирала плинска боца на балконот од станот во кој живеел. Повредениот со изгореници е прфрлен на скопските клиники на лекување.
Според првичните сознанија од увидот , во стан на улицата „Илинденска“ во Гостивар, од сé уште не познати причини, дошло до ескплозија на плинска боца. При тоа гостиварецот В.И. (49) се здобил со повреди и бил пренесен во гостиварската болница од каде е препретане на скопските клиники.
Експлозијата опожарила и дел од станот, а огнот со интервенција на противпожарната екипа набрзо бил локализиран и било спречено опожарување на внатрешноста.