ВНИМАВАЈТЕ: Младите над 20 години најподложни на заболување од Ковид-19

Најголем раст на новозаболени минатата недела имало кај населението од 20 до 29 години. Овој податок беше соопштен од Институтот за Јавно здравје. Правејќи анализа за периодот од 25 до 31 октомври, кај оваа возрасна група процентот на заболеност е зголемен за 11,4 отсто повеќе во однос на претходната недела, покажува статистичкиот извештај на ИЈЗ.

Од таму пристигна и податокот дека вчера биле регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања. Најмногу новозаболени имало во Скопје.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ, во моментов се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Досега во земјата се направени вкупно 1.390.369 тестирања на Ковид-19. Со ова, вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 203.298. Бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159. Има вкупно 6.875 активни случаи.

Фото: Мета.мк

Извор: СкопскоЕхо.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *