Внимавајте: Во Бугарија пуштени во оптек лажни левови

Лажни левови пуштени во оптек во Бугарија. Според Бугарската народна банка , парите се пуштени за време на големата шопинг треска околу Божик, кој во Бугарија се слави на 25 декември.

Најголем дел од лажните банкноти се во апоени од 20 лева и досега се откриени околу 400 фалсификати. 9 од откриените фалсификати биле во апоени од 100 лева.

Бугарските власти не знаат колку точно лажни банкноти се пуштени во оптег и каде се тие се користат. Поради ова, од туристичките агенции , пред престојните празници, на сите оние кои ќе празнуваат во Бугарија им препорачуваат да внимаваат:

“Ние ги советуваме клиентите да  разменуваат пари во менувачници или да си ги купат од Македонија“, изјава Милена Павлова, ТА “Феријал Кашиков“ – Штип.

Сепак, колку обичниот човек имал контакт со фалсификувани пари и дали воопшто знае да ги препознае:

„Досега сме немале такво искуство, тешко дека ќе можеме да се снајдеме“, велат анкетирани граѓани на Штип.

Повеќето од граѓаните немале искуство со лажни банкноти, па за да не наседнат на криминалните мрежи Бугарската народна банка со неколку препораки како лажното да се разграничи од вистинското.

Како прво, банкнотите да се разгледаат убаво; да не се концентрирате само на еден од заштитните елементи; да се споредат две исти банкноти и да се бараат евентуални разлики; во случај на сериозен сомнеж, банкнотата да се провери во банка или менувачница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *