Влатко Стојановски во септември ќе игра против Израел и Летонија

ВЕЌЕ НЕМА „БЕГАЊЕ“: Мрме со Влатко Стојановски ќе ги напаѓа Израел и Летонија!!!

Требаше да направи трансфер во Франција за да нашата поширока јавност го запознае Влатко Стојановски.

Младиот напаѓач кој минатата сезона беше најдобриот стрелец во ПМФЛ и секако еден од тројцата најдобри фудбалери. Ним плати за него 1.5 милиони евра, трансферот е голем за наши услови и со тоа се запалија „алармите“ и кај селекторот Игор Ангеловски. Тој не крие дека за септемврискиот циклус и тоа како ќе смета на нашата нова фудбалска ѕвезда, напаѓачот од кого очекуваме многу голови за нашата репрезентација.

  1. Македонија на 5 септември и гостува на Израел а четири дена подоцна и на Летонија. Со Влатко Стојановски, со враќањето на Иван Тричковски, но и со евентуалното враќање на Бесарт Ибраими, во нашиот напад заедно со Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Кире Маркоски, Крсте Велкоски, и тоа како ќе се зголеми конкуренцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *