ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ ВЕЧЕРВА ЌЕ ДЕБИТИРА ЗА НИМ

ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ ВЕЧЕРВА ЌЕ ДЕБИТИРА ЗА НИМ

НА ДУЕЛОТ СО НИЦА: Влатко Стојановски вечерва ќе дебитира за Ним!?

Откако од оправдани причини, средување на документацијата, Влатко Стојановски не беше во комбинација за минатонеделниот меч со ПСЖ, нашиот напаѓач по се изгледа деке вечерва ќе го има своето деби за Ним.

Како што информира клупскиот сајт, вчера после тренингот тренерот Бернард Блакарт, ги издиктирал 18-те играчи на кои ќе смета за натпреварот од 2.коло во Лига 1 против Ница. Меч кој започнува во 20 часот. Тоа значи дека Македонецот ќе биде во комбинација и ќе има шанса да го одигра својот прв официјален меч за Ним.

Стојановски ова лето за 1.5 милиони евра се пресели од Ренова во францускиот прволигаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: