Јавното претпријатие „Камена Река“ од Македонска Каменица доби нов раководител. На местото на досегашниот Директор Марјан Јангеловски доаѓа Влатко Андоновски кој даде уверување дека ќе работи посветено, во служба на граѓаните и дека ќе го подобри функционирањето и ефективноста на Јавното претпријатие.
Претходно, нов ВД Директор беше назначен и во Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, односно на местото на Димчо Атанасовски, раководната позиција ја зазема Мирјана Гошевска.