Владата ќе решава за полицискиот час за викендот

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски вчера најави дека во текот на денешниот ден ќе има одлука на Владата каков полициски час ќе има викендов. “Сметам дека тоа што ќе произлезе од Кризниот штаб, од Комисијата за заразни болести и од владината седница ќе биде конечен став. Од една страна бараме олабавување на мерките, од друга имаме критика дека здравството не се справува добро со кризата. Јас сметам дека одлично се справуваме со пандемијата”, рече Манчевски.

Комисијата за заразни болести за викендот предлага 58-часовен карантин

Инаку, од новозаразените 40 лица со ковид-19, 26 се од Скопје, а 10 од Тетово. Само во последните пет дена, во овие два града се потврдени вкупно 96 случаи, 72 во Скопје и 24 во Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *