Владата ќе ни ги враќа парите за новите пасоши?!

Ова прашање како што пишува Фокус било отворено на првата владина седница со која раководел новиот премиер , а како што потврдија двајцата клучни министри, шефот на дипломатијата и техничкиот министер за внатрешни  во опција е и враќање на парите е што граѓаните ги дадоа за да извадат нови пасоши и лични карти пред да им истече нивната важност. Најавено е дека МВР ќе го прифати секое решение за личните документи кое е во интерес на граѓаните, а министерот во ресорното министерство работи на реорганизација за побрзо аплицирање и добивање на документите за да се намалат гужвите пред пунктовите на МВР.

Владина работна група составена од претставници на Министерствата за вантрешни работи, надворешни работи, правда, транспорт и врски во следните неколку дена ќе треба да најде решение за проблемот околу издавањето на лични документи со новото име, обврска која треба граѓаните согласно Преспанскиот договор да ја завршат до 12 февруари. Во врска со  обврските за промена на личните документи согласно договорот формирана е работна група за да се изнајде соодветно решение за надминување на проблемите.

извор: vrabotuvanje.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.