Владата предложи намалување на нотарските и извршителските трошоци

Владата ги усвои предлог-измените на Законот за нотари и извршители со кои се намалуваат тарифите на нотарски и на извршителските услуги. Со предложените измени трошоците се намалуваат од 50% до 90%, а за дел од нив за кои претходно се плаќало, според новите измени, услугата ќе биде бесплатна.

Предлог-измените во законите за нотари и извршители:

„Доколку претходно вкупните трошоци кај нотарот биле 3490 денари за сметка од 3000 денари сега ќе бидат вкупно 550 денари. На сметка од 11,000 денари за струја и парно, услугата на нотарот била 1100 денари, сега со новите ограничувања ќе биде 500 денари. 
Судската такса од 200 денари се намалува, адвокатските трошоци од 4000 денари нема да се плаќаат. Доколку претходно трошоците биле 5770 денари, со новите тарифи ќе бидат 750 денари. Административната цена за извршителите, претходно била 300 денари сега ќе има еден вид на компензација, цената за администрација нема да постои.

Овие законски измени ги опфаќаат сите граѓани, а уште помала тарифа ќе има за граѓаните со слаба економска состојба, односно за тие кои имаат долгови и за комуналните услуги. Доколку долгот е 1000 денари, компензацијата за нотарот за оваа категорија на граѓани ќе биде 100 денари, ако долгот е 10,000 денари компензацијата ќе изнесува 500 денари.”

Министерката за правда Рената Дескоска објасни дека законските измени овозможуваат граѓаните кои се уште не направиле нотарска или извршителска исплата, а ги започнале постапките, да можат да ги плаќаат според новата тарифа.

Откако ќе поминат во Владата, овие законски измени се очекува да се поднесат пред пратениците на усвојување, по што Законот стапува во сила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *