Виничанец предизвика тешка сообраќајна несреќа кај Александар Палас во Скопје

sasa rudnik

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на булеварот 8 септември. Според информациите на  МВР, несреќата се случила во  14:10 часот на булеварот „Осми Септември“ што  дошло до судир помеѓу патничко возило „Мазда 6“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(66) од Виница и патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(33) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи. Со возило на Итна медицинска помош Љ.К. бил пренесен во болницата „Свети Наум Охридски“, додека Д.И. бил пренесен во Градската општа болница „Осми Септември“. По укажаната лекарска помош, Љ.К. бил задржан на понатамошно лекување, додека Д.И. бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.