ВИКЕНД ВО ИСТАНБУЛ ЗА САМО 77 ЕВРА СО ЛИБЕРО ТРАВЕЛ

Истанбул е град на легенда и историја. Магичен град кој нуди прекрасна разновидност со својот пејсаж како ниеден друг град во светот.
Либеро Травел ве носи во градот во кој се соединуваат Европа и Азија за само 77 евра по лице. Со можност за плаќање на рати. Пријавувањето трае до 25-ти Август. Побрзајте и прошетајте две прекрасни ноќи во Истанбул, пазарете во Капали чаршија и Едрене.
Повеќе информации за оваа неодолива понуда од ЛИБЕРО ТРАВЕЛ можете да прочитате овде


Истанбул е град значаен по тоа што е расположен на два континента и тоа во Европа и зазема дел од Азија. Располозен на седум брда и запилскуван од водите на синиот Босфор прави слика од која никој не може да остане рамнодушен. Тој бил метропола 2600 години,што значи подолго од било која друга метропола во светот. Истанбул – град кој на прв поглед може да биде темен и разочарувачки поради својата густа населеност ,непланска изградба, орјенталниот начин на живеење, хаосот по улиците и брзото темпо на живеење. Но,велат доколку сте доволно љубопитни и стрпливи, ќе можете да дојдете до срцето и уникатниот дел на Истанбул – град кој своевремено бил престолнина на три последователни империи – Римската Византиската и Отоманската, и да ја почуствувате неговата големина и импозантна убавина.

Капали чаршија – Оваа чаршија е најнеодоливата од сите атракции во Истанбул. Таа фасцинира со нејзиниот изглед и многуте дуќани, како еден мал покриен град каде може да си купите покрај сувенири, злато, бакар, орјентални килими, познатото истанбулско стакло и многу други работи. При посета на Истанбул секако не смеете да ја пропустите палатата на султанот односно Долма Бахче Сарај.

СУПЕР ПОНУДА: ПОСЕТЕТЕ ГО МАНАСТИРОТ ОСТРОГ ЗАЕДНО СО “ЛИБЕРО ТРАВЕЛ”

Сарај кој лежи на Босфор и дава инзвонредна глетка на Истанбул давајки ни јасна представа колку уживал Султанот кој живеел во сарајот. Покрај преубавите градини во сарајот ке ги видите собите во кои живеел султанот, ентериерот како и фамозните кристални лустери кои се во огромните салони во сарајот. По прошетката во султановиот дом се оди во Харемот или куќата каде што живееле жените на султанот. Топкапи сарај е уште една палата која што не смее да се пропушти не само поради нејзината важност и убавина туку и поради тоа што е единствената палата која од сите страни е опкружена со море (односно со водите на Мраморно море и Босфор). Тука е и огромното богатство на султаните како и разните порцелански и други поклони сто ги добивале од своите посетители. Сината џамија (или Султан Ахмедова џамија) всушност е џамија која покрај својот стил плени со својата убавина и е единствената во светот која има шест минариња. Таа представува симбол на градот и е подарок од султанот Ахмед и секако би ја дознале нејзината приказна доколку ја посетите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.