Викендот студен. Од утре снег на повисоките места

Македонска Каменица, 08.12.2018 година – Денеска во попладневните и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Утринските температури ќе се движат од -7 до 0 степени, а дневните од 7 до 14 степени. Во Каменица температурата ќе се движи од -6 до 9 степени.

Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и в понеделник кога поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *