Македонска Каменица, 30.12.2019 година – Денеска во Детската градинка Бамби во Македонска Каменица, беше прикажана театарската претстава „Новогодишната желба на Дедо Мраз“ подготвена од воспитувачките и негувателките под будното око на директорката Снежана Златановска.
Гости на претставата покрај дечињата на „Бамби“ беа и претставници на локалната самоуправа со градоначалничката Соња Стаменкова, претставници од Рудник Саса, директорот на ЈП Камена Река, како и членови на управниот одбор на градинката и родители. Со оваа претстава на најубав можен начин вработените во ОЈУДГ „Бамби“ на дечињата им ја честитаа Новата година. Во градинката утре како завршна активност ќе бидат доделени и новогодишните пакетчиња.
Која беше новогодишната желба на Дедо Мраз погледнете во продолжение.
Leave a Reply