(Видео) Луксузни автомобили уништени со булдожер по наредба на претседателот на Филипини

(Видео) Луксузни автомобили уништени со булдожер по наредба на претседателот на Филипини

По наредба на филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, денеска на Филипини биле уништени повеќе од 20 запленети луксузни автмобили. Ова е дел од стратегијата на Дутерте против криминалот и корупцијата, а тој лично го надгледувал уништувањето на автомобилите со булдожер.

„Дајте им ја на купувачите на железо. Не може да имаат вакви автомобили, но може да добијат нешто од нив. Направете играчки од нив“, рекол Дутерте.

Автомобилите биле запленети во акција на царината, а сопствениците се обвинети за избегнување на плаќање данок. Лани биле запленети автомобили во вредност од речиси три милиони долари.

„Сакате да увезувате автомобили? Прво платете ги давачките. Отсега ќе стане пракса да се уништуваат шверцуваните луксузни возила“, изјавил Дутерте

Извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published.