ВИДЕО: Каменичанецот Дамјан Стоименовски со преработка на популарната „Бране ми те“ (MUSHUP)

Македонска Каменица, 28.06.2019 година – 18 годишниот каменичанец Дамјан Стоименовски ученик во средното училиште „Васил Антевски – Дрен“ во Скопје, полека влегува во музичките води со преработка на познати нумери од балкански изведувачи. Покрај посветеноста на одличниот успех во училиштето, веќе неколку години пеењето претставува негова секојдневна преокупација.
Големата желба за успех ја потврдува со учеството на повеќе државни и балкански продукциски натпреварувања, каде има освоено едно прво и едно второ место.
Дамјан Стоименовски, најавува дека наскоро ќе следуваат неколку нови проекти. Дел ќе бидат преработки на македонските хит песни, а во скора иднина можеме да ја очекуваме и неговата прва нумера.

Преработката на тинејџ нумерата „Бране ми те“ од мегапопуларниот Милан Станковиќ, во изведба на нашиот млад сограѓанин можете да ја видите овде:

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *