ВИДЕО: Златара во Прилеп ограбена како на филм

Три, засега се уште непознати и недостапни лица за Полицијата, утринава околу 8.30 ч. извршиле вооружен грабеж во Златарница во срцето на Старата прилепска чаршија. Во моментот на грабежот, во Златарницата била само сопственичката која штотуку го отворила дуќанот и од сефот го вадела златото.

Неофицијално, напаѓачите, наидувајќи на заклучена врата од внатрешната страна, испукале два куршуми, со едниот кршејќи го стаклото од вратата, а со другиот ја провалиле бравата, велат очевидци од соседните дуќани, кои не сакаа да зборуваат во камера, бидејќи, како што појаснија и самите, и тие добиле закани по животот кога се обиделе да го спречат грабежот.

Крадците, искористувајќи го шокот и стравот на сопственичката која и ја повредиле, за само неколку минути успеале да го испразнат сефот и веднаш се упатиле кон претходно паркираното возило во близина на златарницата, кое неофицијално, било со гостиварски регистарски таблички.

Поделени се информациите на очевидците дали напаѓачите биле маскирани или не. Веднаш е известена Полицијата, од каде само ни ја потврдија информацијата, не соопштувајќи никави детали.

  • целосниот текст прочитајте го на https://markukule.mk на следниов ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *