(ВИДЕО) Емоциите ги совладаа родителите на Лука Модриќ по веста дека ја освои “Златната топка” за 2018 година

Непосредно откако Лука Модриќ ја доби наградата „Златна топка“ за 2018 година, организаторот „Франс Фудбал“ подготви мало изненадување за Хрватот.

Членот на Реал Мадрид првата честитка, по видео порака ја доби од претседателката на Хрватска, Колинда, но она што следеше во продолжени беше главното.

Со претходно снимена порака во момент кога им кажуваат дека синот е прогласен за број еден, се пренесуваар реакциите од родителите на Лука. Говореше неговиот татко кој не ги задржа солзите, како и неговата мајка.

„Сине, јас сум најгордиот татко на светот, ти си моја генија. Пресреќен сум, не можам повеќе. Јас, твојата мајка, цела фамилија сме горди на тебе“ порача таткото Стипе, на што се придодаде и неговата мајка:

„Честитам сонце, заслужено, тоа и го  очекував.Многу те сакам“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *