Видео: Девет месеци бременост прикажани во 4 минути

„Medicine Forever“ создаде четири минутно видео во кое е прикажан животот на едно бебе во утробата на неговата мајка до породувањето.


Какви очи ќе има, кој пол ќе биде… Ова се само некои од прашањата кои си ги поставува секоја идна мајка откако ќе дознае дека очекува бебе.

Иако одговорите на некои од овие прашања ќе ги добие после породувањето, полот на нејзиното бебе, благодарение на напредната технологија во медицината, најчесто се дознава во текот на бременоста.

Сепак, сето тоа е веќе одредено во самиот момент на оплодување. Дека бременоста е посебен период од животот на една жена, не е новост, а многу парови низ тие девет месеци поминуваат низ период на интензивна среќа, радост, очекување, љубов, но и грижа и вознемиреност.

Благодарение на модерната наука, но и на голем број апликации и календари за водење на бременоста, информациите што се случува во неделите на бременост им даваат јасна слика на идните родители. Но, како навистина изгледа бебето во утробата можете да погледнете на видеото подолу.

Извор: Факултети.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *