(ВИДЕО) Аца Лукас направи концерт од балкон

Српскиот пејач Аца Лукас синоќа одржа концерт на балкон за своите соседи, кој се пренесувал во живо на социјалните мрежи и привлече илјадници луѓе.

И додека многу музичари деновиве, претежно се сами и пеат без придружба за своите фанови, Аца Лукас тоа го крена на малку повисоко ниво. Тој имаше и бенд, и рефлектори, и концертен звук, а настапи заедно со гости музичари , како што е српскиот фолк пејач Бобан Рајовиќ.

Неговите соседи излегоа на балконите и пееја и ракоплескаа, а имаше и такви што го слушаа Аца од улица, па тој им рече да си одат дома „за оние на телевизија да не речат дека било лошо“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *