(ВИДЕО+ФОТО) Со богата културноуметничка и спортска програма одбележан патрониот празник на ООУ „Св. Кирил и Методиј“

Македонска Каменица, 23.05.2022 година – ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица со пригодна културно-уметничка програма и редица училишни спортски натпревари го обележа својот патронен празник.

Сите денешни активности на учениците, спроведени во рамки на одбележувањето на патронот на училиштето беа во знакот на ликот и делото на македонските сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј.

Во Домот на култура се оддржа пригодна културно уметничка програма, каде беа изведени редица на музички перформанси, драмски точки и рецитали на тематски литературни творби.

Свое обраќање кон присутните ученици, колегиумот при основното училиште и присутните граѓани на Македонска Каменица имаа градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски и директорот на ООУ “Св. Кирил и Методиј”, Виктор Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Атанасовски, во поздравното обраќање кон присутните во Домот на култура, покрај упатената честитка по повод патрониот празник, ја истакна личната и заложбата на локалната самоуправа за зголемена соработка и поддршка кон училиштето.

Благодарност до сите вработени во училиштето, за нивниот несебичен ангажман и придонес во успешното спроведување на образовниот процес, во своето обраќање упати и директорот на училиштето Виктор Ѓорѓиевски, кој во продолжението од говорот “Ја потенцираше и поддршката од општина Македонска Каменица и градоначалникот Димчо Атансовски, како клучна во овозможувањето на соодветни услови за следење и спроведување на наставата, со цел постигнување на што подобри резултати на учениците и наставниците”.

По повод патрониот празник беа оддржани и традиционалните спортски игри помеѓу учениците. Фудбал-турнирот го одиграа учениците од петто до деветто одделение (машки), а нивните врснички учествуваа во женските ракометни натпревари. Победниците во овие одделни натпреварувања добија соодветни награди, врачени од директорот на училиштето, Виктор Ѓорѓиевски.

Во склоп на празнувањето, за наставнообразовниот колегиум беше приреден и скромен коктел, во кругот на училиштето. На настанот присуствуваа и претставници од останатите образовни и просветни институции во градот, како и гости од општина Македонска Каменица.

Линкови со преносот ВО ЖИВО овезбеден од Каменица.Мк:

https://www.facebook.com/kamenica.mk/videos/1422264844889778/

https://www.facebook.com/kamenica.mk/videos/582222926420852/

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *