Вечерва со почеток од 19:00 часот, во Дом на култура – Македонска Каменица, во организација на КИЦ „Романса“ ќе се одржи концерт на симфонискот оркестар при ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани. На концертот ќе бидат изведени инструментални теми од класични и современи автори.
Од КИЦ „Романса“ известуваат дека влезот е слободен и замолуваат за регулиран звук на вашите мобилни телефони.