Вечерва, со концертни настапи на Наум Петрески и Зуица Лазова се отвора манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2017“. На програмата за денес се и настапите на дечињата од талент шоуто „Јас имам талент“ и КУД „Вера Јоциќ“.
Наредните денови, пак, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица ќе гостуваат: Црвена Јабука (26-ти август), Владо Георгиев (27-ми август) и Саша Ковачевиќ (28-ми август), како и реномирани македонски бендови и изведувачи.
Во овие четири дена се очекува дека околу 30.000 посетители ќе дојдат во градот и ќе може да уживаат во музичката програма, која традиционално завршува на 28-ми август- Ден на Општината и Ден на рударите.