Денес, Ви пренесуваме една убава спортска вест поврзана со Женскиот фудбалски клуб Каменица Саса од Македонска Каменица. Како што беше објавено на официјалниот фејсбук профил на ЖФК Каменица Саса, Вероника Николовска и Дајана Ристовска се повикани да бидат дел од натпреварите на кадетската U17 Репрезентација на Македонија.
Наведено е дека кадетската репрезентација на Македонија ќе учествува на UEFA развоен турнир, кој од 26 март до 2 април кој ќе се одржи во Скопје. На развојниот турнир покрај Македонија, ќе учествуваат и U17 репрезентациите на Норвешка, Азербејџан и Луксембург.
Ние им посакуваме многу успех на овој меѓународен турнир, како и во натпреварите во Првата македонска женска фудбалска лига, каде ЖФК Каменица Саса со солиден успех настапува оваа година.