Величествен 80-ти роденден на Лазар Лечиќ – Идолот на балканските спортски легенди

Повеќе спортски легенди на едно место досега не се видени во Македонија. Дојдоа од Словенија до Грција за да му се поклонат на човекот и тренер кој, како што рекоа, од нив направил и луѓе и играчи.

Лазар Лечиќ го прослави 80. роденден на величествен начин, со академија во хотелот „Александар палас“ во Скопје, во друштво на пријатели и колеги со кои го градеше имиџот на југословенската кошарка како една од најдобрите на светот. И многумина од нив му донесоа подароци, вклучувајќи словенечко вино од 1970, година кога со Југославија стана балкански првак.

На свечената Академија по повод 80-тиот роденден на Лазар Лечиќ, бројните ѕвезди од поранешна Југославија и од Европа, со полна уста зборуваа за популарниот Лазо Грк.

Секој се трудеше да каже поинтересна анегдота од претходната, сите сакаа да доловат колку Лазо им значи во животот и кариерите, но доволно беше само нивното присуство, да сфатиме кој е Лазар Лечиќ.

Беше прикажан и краток филм со сегменти од неговите бројни кошаркарски остварувања, сите кои што беа присутни беа насмеани, весели, расположени, ова беше собир каков што немаме видено одамна.

Ти симнуваме капа, голем Лазаре. Да си жив и здрав уште безброј дни!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *