Во два одделни случаи запленети се 2,2 килограми хероин и 2000 екстази

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност- СВР Скопје, по претходно издадена судска наредба, извршија претрес во куќа во која престојува Д.Д. (30) при што се пронајдени 33 полиетиленски кеси во кои имало хероин и две дигитални ваги.

Според првичната проценка запленети се околу 2,2 килограми хероин, но точната количина ќе биде позната по извршената анализа и мерење, по што ќе биде поднесена и соодветна пријава до јавното обвинителство.

Во друг случај, денеска (25.04.2020) околу 10 часот во село Трубарево-скопско, полициски службеници забележале возило „пасат“ со скопски регистерски таблици и две лица, кои влегле во возилото и се дале во бегство кон рампа Хиподром, при што удриле во вагон од воз кој сообраќал по железничката пруга. Лицето кое било на совозачкото место се дало во бегство, а возачот додека излегувал од возилото фрлил една кеса и едно пакување со 112 таблети екстази, една кеса со 1000 таблети екстази и една кеса со 750 таблети екстази, 80 грама амфетамин и пет грама сива кристална материја.

По извршеното легитимирање, констатирано е дека лицето е Х.М. (43)од Скопје, а по извршен преглед на возилото пронајдени се и 800 грама марихуана и една дигитална вага. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Извор: https://kanal5.com.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *