Вардар се излеа на три локации во Скопје, свикан е Кризниот штаб

Континуираните и обилни врнежи го зголемија нивото на реката Вардар, која веќе се одлеа на неколку места во централното градско подрачје.

Поради тоа, екипи на скопското јавно претпријатие Водовод и канализација веќе се на терен, за да постават вештачки брани со вреќи од песок на критичните точки.

Инаку, Вардар веќе се прелеа кај Владата на Македонија, во близина на ПИОМ и во Аеродром, поради што свикана е итна седница на кризниот штаб на Скопје.

– На терен веќе се праќаат екипи за да постават заштитни вреќи на овие локации. Поради новонастанатата ситуација свикана е итна седница на Кризниот штаб на Скопје каде ќе се донесат одлуки за понатамошно делување – вели Весковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *