Ваква куќичка навистина постои во Македонија и може да се изнајми

Запознајте се со Тамара и Душан кои се вистински ентузијасти. Како што и претходно објавувавме Кајак.мк има цел да ги промовира ситниците коишто прават многу во развојот на домашниот туризам. Нашиот агрегат освен тоа што ги додава понудите на сите туристички агенции, атракции и приватни сместувања, разговата и со сопствениците на некои мали нешта коишто прават многу во развојот на туризмот. Таква е и приказната на Тамара и Душан кои изградија куќа на дрво во селото Ранковце кое е одалечено на само 20 километри од Кокино или на час возење од Скопје.

Нивната дрвена куќичка е именувана како „ТриХаус&ТајниХаус“ бидејќи ова за нив има посебно значење. Куќичката започнал да ја гради Душан. Љубовта кон ова хоби го натерала да го вложи своето слободно врмее кон gрадењето на нешто вакво. Подоцна Душан ја запознава неговата идна жена Тамара која му помага во уредувањето и му е целосна поддршка.

Тие велат дека нема да застанат овде, туку напротив има уште многу што треба да се вложи овде. За да се искачите во куќичката имате поставено скала, а има и имтересен момент а тоа е симнувањето или искачувањето по јаже.

Внатре куќичката поседува дневен престој и спална соба како галерија, односно над самоит дневен престој од каде имате фантастичен поглед. Куќата е опколена со прозорци, што ви дава прекрасна дневна светлина и одичен амбиентален момент во текот на ноќта особено кога месечината знае да го направи своето.

Тишината, небото полно со ѕвезди. Според нив многу е важно во кој период од годината се доаѓа. Омилен момент на секој којшто престојувал му се изгрејсонцата и зајдисонцата. Во сместувањето се наоѓа противпожарен апарат, комплет за прва помош, а гостите добиваат и бесплатен паркинг и појадок. Во текот на зимата има греење, а просторијата има и работно катче за лап топ. Нешто што е доста интересно е моментот дека јадењето може да се подготвува на камен.

Тие велат дека постојаните промени кои се случуваат во светото ги примамуваат луѓето да ја намалат површината на просторот во којшто живеат. Луѓето се придружуваат до ваквите општествени движена до повеќе причини, но најбитната е желбата за повеќе време и слобода. Овој „дрвен“ дом кој е отцепен од секојдневната реалност може да се резервира и за ноќевање.

Идеално место за луѓето коишто сакаат барем за миг да заборават на проблемите со работа, на интернетот и динамичното темпо на живеење. Како што ни велат тие, се со цел да ги заштитат патниците од ширењето на коронавирусот, а исто така и да го заштитат своето семејство, во наредниот период ова куќичка нема да биде на издавање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *