ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ОД РИБОЛОВНО ДРУШТВО „ШАРАН“

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, 01.04.2018 година – Почитувани сограѓани, последниве неколку денови сите ние сме сведоци на нецивилизираното уништување на рибниот фонд од страна на поединци во Македонска Каменица.

Сакаме да ја запознаеме јавноста дека се врши прекумерен улов на риба од видот караш на Каменичка река. Иако овој вид е премногу застапен во езерото Калиманци, согласно Законот за рибарство и аквакултура, карашот како вид е заштитен и за истиот има ограничување во делот на негово ловење. И покрај нашите секојденвни укажувања и заложби, карашот да се остави да се измрести, наши сограѓани продолжуваат, јавно и без срам, да вршат незаконски улов.

Во петокот (30.03.2018), при континуирано вршење на обврските, беа физички нападнати рибочуварот и еден активист на Шаран, за што од страна на МВР е составен Записник и против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Пријави ќе бидат поднесени и против сите останати рибокрадци, кои со своето несовесно однесување му нанесуваат огромна штета на рибниот фонд во езерото Калимаци.

Со намера да делуваме на подигнување на јавната свест и заеднички да допринесеме за развој на спортскиот риболов и риболовниот туризам во Мкаедонска Каменица, апелираме до сите граѓани да се воздржат од незаконски риболов бидејќи истиот е казнив и де предвидени многу високи казни. Истотака ги повикуваме сите чесни граѓани, овој период да го искористат за прошетка по Каменичка река и Калиманско езеро и да делуваат советодавно кон рибокрадците и оваа „нецивилизирана“ појава да биде спречена.

СРД „Шаран“ бара поголема поддршка и од вработените во МВР за спречување на рибокрадството, бидејќи согласно законите во РМ тоа е и нивна обврска.

Ви благодариме на разбирањето! БИСТРО!

Со почит,

СРД „Шаран“ Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *