ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

 

15.XII.2017 kamenica.mk

С О О П Ш Т Е Н И Е
До Претседателите на Совет на Станари во станбените објекти и сите граѓани на Македонска Каменица

Почитувани,
Освен за гаснење на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии, укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации, како и извршување на други работи при несреќи и непогоди, со цел да се подобрат условите за живот на граѓаните од општина Македонска Каменица, ТППЕ-Мак.Каменица врши и други определени непрофитабилни услуги од стручен и хуманитарен карактер од јавен интерес.
ТППЕ Македонска Каменица апелира до сите Претседатели на Советот на Станарите во станбените објекти да ги преземат сите неопходни превентивни мерки оџаците навреме да бидат исчистени како пред почетокот на грејната сезона, така и по потреба континуирано да се чистат и во текот на грејниот зимски период. Неисчистен и запушен оџак претставува еден вид темпирана бомба и потенцијален извор и опасност за настанување на пожар. Целта на ова соопштение е да се развие граѓанската свест дека сите ние сме повикани да вложуваме напори да не дојде до пожар и да создадеме нов амбиент и атмосфера за да се чуствуваме сигурни и безбедни во нашите домови. Сепак, да не заборавиме дека “оганот е добар слуга, но лош господар”.

ТППЕ Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *