ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ ОД ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Македонска Каменица, 07.04.2020 година – Во насока за што подобро информирање на граѓаните на општина Македонска Каменица, со цел спречување на внесување и ширење на заразата со коронавирусот, во целост ви го пренесуваме известувањето упатено до граѓаните од општина Македонска Каменица, кое произлегува од одлуките и мерките донесени на 36. Седница на Владата:

 

Следејќи ги одлуките и мерките донесени на 36. Седница на Владата за воведување на забрана за движење на граѓаните поради спречување на внесувањето и ширењето на заразата со Коронавирус Covid 19, а која стапува во сила од среда (08.04.2020), Ве известуваме:

  • Економските оператори (аптеки, маркети, ресторани, такси…) од општина Македонска Каменица кои се регистрирани за вршење на телефонска и он-лајн достава за снабдување на граѓаните со најосновните продукти (во деновите сабота и недела) потребно е навремено да се пријават во Општинскиот Кризен штаб на Македонска Каменица, кој во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе го организира нивното движење и функционирање.
  • Старите и изнемоштени лица, хронично болните и лицата со посебни потреби да продолжат со нарачка за набавка и достава на прехранбени артикли и лекови преку Општинските мобилни тимови јавувајќи се на дежурните телефони во општина Македонска Каменица: 078 651 089; 071 377 841; 078 416 528; 078 218 706 секој работен ден од 08 до 12 часот.
    Во работните денови по 16 часот и преку викенд нарачките за набавка можат да ги прават и на дежурните телефони на регистрираните аптеки и супермаркети.
  • Сите Јавни установи, банки, супермаркети, трговски и други дуќани, аптеки, продавници и пиљари, согласно засилените мерки на заштита од Коронавирусот на Владата, во текот на работното време да обезбедат заштитни средства за сите вработени и преку засилени редарски служби да обезбедат влегување на граѓаните во деловните простории со прописно растојание и заштитни средства, согласно упатствата на СЗО.
  • Редарските служби да бидат посебно засилени на 13.04.2020 година, во понеделник – денот после викенд забраната за движење на граѓаните, кога се очекува зголемено движење на граѓаните.
  • Земјоделците од општина Македонска Каменица што имаат работни обврски на своите земјоделски површини, а кои се наоѓаат во атарот на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
  • Земјоделците чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат и треба да патуваат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.
  • Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе биде по претходно воспоставениот принцип, преку Подрачните единици на МЗШВ.
  • Право на вадење на дозвола имаат лица кои се регистрирани и се занимаваат со:

Сточарство

Пчеларство

Оранжерии

Лозарство (услов: да се регистрирани земјоделци, или да имаат над 2ха површина под лозов насад).

  • Правните лица, своите дозволи треба да ги извадат преку Стопанската комора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *