ВАЖНО ЗА РИБОЛОВЦИТЕ: Воведена забрана за риболов на Калиманско Езеро!

Македонска Каменица, 23.11.2022 година – ЗРСК Шаран Македонска Каменица ги известува сите риболовци дека, почнувајќи од денеска 23.11.2022 година, риболовот на езерото Калиманци, Каменичка река и река Брегалница од уливот дo Бигланскиот мост ќе биде забранет.

– Забраната за риболов доаѓа од причина што ќе биде извршено повеќекратно порибување на водите на Калиманско езеро. За престанок на забраната за риболов, риболовците ќе бидат дополнително известени, – известуваат од ЗРСК „Шаран“ Македонска Каменица

Во периодот на забрана, од ЗРСК „Шаран“изјавуваат дека, контролата ќе биде засилена. Во таа насока, секое непочитување на забраната ќе биде санкционирано.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *