Важна вест за Македонците со бугарски пасош

Граѓаните на Романија и Бугарија од денес ќе имаат целосна слобода за влез, вработување и отворање на бизнис во Швајцарија.

Ова ќе важи и за Македонците кои имаат бугарски пасоши.

Како што објави бугарското министерство за надворешни работи, Бугарите и Романците во иднина ќе имаат исти права како и останатите граѓани на Европската унија – освен граѓаните на Хрватска, пренесува бугарската новинска агенција.

Швајцарија не е членка на ЕУ, но со Унијата е блиско поврзана низ билатерални договори, кои и овозможуваат да учествува во единствениот пазар на ЕУ иако не е членка.

Тоа стана возможно откако Швајцарскиот сојузен совет (владата на Швајцарската конфедерација) на 15 мај усвоила одлука со која се укинуваат квотите за бугарските и романските граѓани. Со таа одлука е изменета и службената Регулација на примената на договорот помеѓу ЕУ и Швајцарија за слободно движење на лицата.

Швајцарија, имено, како и некои други членки на ЕУ, воведе транзициски период по прашање на слободата за движење на граѓаните на новите членки на Унијата.

Бидејќи максималното траење на транзицискиот период од 10 години, според договорот помеѓу Швајцарија и ЕУ, е период кој почна на 1 јуни 2009 а завршува на 31 мај 2019.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *