Булинг -го има насекаде, но тешко се спречува

Булинг – го има насекаде, но тешко се спречува

Булинг - го има насекаде, но тешко се спречува

„Меѓуврсничкото насилство постои во училиштата и последниве години во голема мера се менуваат формите. Ние, барем според она што е мое искуство, треба многу да следиме за да можеме да го препознаеме. На пример, случајот јас што го имав во училиште беше слика пратена на социјална мрежа, којашто за неколку секунди искружила меѓу учениците од класот. Тоа ми беше единствен доказ во постапката што ја водев, бидејќи едно од девојчињата ја сочувало сликата. Taa e препратена на сите ученици од класот. Детето соблечено во соблекувална по долна облека, а друго замавнува да го удри“.

Булингот не опфаќа само физичко насилство и не секогаш се случува пред очите на наставниците, поради што можностите за делување се ограничени.Ова е едно од сведоштвата на училишни психолози, кои учествувале во фокус група за меѓуврсничкото насилство, односно булинг во училиштата низ Македонија. Ана Попризова, една од учесничките во фокус групата, психотерапевт и училишен психолог, вели дека булингот е проблем кој е многу застапен во текот на образованието, кој неретко и самите жртви и наставниците не знаат да го препознаат. Булингот не опфаќа само физичко насилство и не секогаш се случува пред очите на наставниците, поради што можностите за делување се ограничени.

„Булингот најчесто не се случува на часовите, туку за време на одморите, по ходниците, во соблекувалните и на социјалните мрежи. На тој начин, полето за работа е прилично скратено и наставниците на часот многу ретко можат да реагираат да го спречат“, вели Попризова.

Алмина Шашко, наставничка од Струга, вели дека била сведок на повеќе случаи на малтретирање, своевремено и како ученик, но и како наставник. За жал, вели, учениците речиси и нема каде да пријават булинг. Најчесто тоа е работа на класните раководители, кои подоцна со дозвола на ученикот можат да пријават случај кај стручната служба.

„Сите наставници имаат полагано психологија и педагогија, и би требало да знаат да препознаат булинг. Би требало најпрво како луѓе, а потоа и како наставници, да се заинтересираат за таквите случаи и да помогнат. Сум имала неколку случаи во кои се надевам дека успешно сум помогнала на деца кои биле малтретирани од свои соученици, како на пример деца со посебни потреби“.

Во фокус групата на која работеле психолозите, имаат евидентирано случаи на сексуално вознемирување, меѓуврсничко насилство над ученици со посебни потреби, како и насилство на меѓуетничка основа, во средните училишта во Скопје. Често во таквите случаи самите насилници, вели Попризова, се оградуваат од каква било одговорност, бидејќи не знаат дека булингот не е само удирање, туку и озборување, игнорирање, ширење гласини и лаги…

Шашко, пак, додава дека иако понекогаш булингот трае неколку училишни денови, болката и фрустрацијата понекогаш остануваат за цел живот.

Булингот може да го направи малтретираниот посилен, но за жал понекогаш и понесигурен во своите способности, што може да доведе до трагични последици.Булингот може да го направи малтретираниот посилен, но за жал понекогаш и понесигурен во своите способности, што може да доведе до трагични последици. Токму поради тоа, клучна е улогата на наставникот, чија обврска е да се грижи за ученикот. Наставникот е вториот родител, нели? Ова поле е совршено место за тоа да го покаже“, вели Шашко.

Тијана Хаџивасилева, средношколка во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје, вели дека имала искуство во булинг и како сведок, а кога била помала и како жртва. Смета дека добро е запознаена со формите на насилство, и додава дека има среќа што учела во едно од скопските училишта кои знаат да се справат со насилството.

„Во основно не, ама сега во средно имам целосна доверба во психологот и педагогот, затоа што кога во моето училиште луѓе кои малтретираа нивен соученик, откако се дозна за тоа, беа исфрлени. Во Орце (СУГС „Орце Николов) можеби до некој степен знаат да се справат со насилството, но сепак мислам дека во најголем дел од училиштата малтретирањето воопшто не се зема како сериозна работа“, вели Хаџивасилева.

Таа вели дека била сведок на настан кога професор со погрдни имиња се обраќа кон целиот клас и кон одредени ученици, давајќи им забелешки во однос на тежината, изгледот или однесувањето, што за неа е недозволиво. Друг средношколец, А.П, пак раскажува за проблемите со кои се соочува откако неоправдано бил „етикетиран“ како насилник, а надлежните во училиштето не успеале да се справат со овој настан.

„Едно дете се обидуваше да влезе во друштво во класот, и ние го прифативме, но се заврши лошо бидејќи тој изманипулира некои од нас и речиси ни го расипа друштвото. Тој бил ‘избркан’ од претходното друштво и игнориран понатаму, ние го избегнувавме и тој се пожали на класниот и ја претстави приказната како ние да го малтретираме. Ние во ситуацијата станавме жртви, но немавме кај да се обратиме бидејќи веќе имавме ‘печат’ како да сме насилниците. Свесен сум за формите на булинг, но во нашето училиште нема каде да се пожалам. Колку ќе биде соодветна постапката и справувањето со мојот проблем, не се знае“, растажува за Радио МОФ.

Секогаш постојат и психолошки особини како предуслов, но понекогаш тоа се луѓе кои во своето животно искуство не стекнале увид и знаење дека фрустрацијата може да се испразни на друг начинПопризова причините за сите форми на меѓуврсничко насилство ги наоѓа во општествениот контекст. Она што децата и учениците го учат и гледаат секојдневно, вели, е несанкционирање на агресивноста. Додава дека е важна и семејната историја и воспитувањето. Доколку во семејството постои насилство и самото дете е негова жртва, тогаш тоa ќе го продолжи кругот на насилството и во својата околина. Секогаш постојат и психолошки особини како предуслов, но понекогаш тоа се луѓе кои во своето животно искуство не стекнале увид и знаење дека фрустрацијата може да се испразни на друг начин, наместо преку повредување на другите.

Таа и нејзините колеги во документот предлагаат дека најзначајно за понатамошна превенција на насилството е неговото препознавање.

„Наставниците мора да бидат свесни и осетливи за нијансите на меѓуврсничко насилство, и да им се упати на учениците јасна порака дека каква било форма на насилство во училиштето нема да се толерира“, се наведува во фокус групата.

Особено важно е и да им се објасни на учениците дека доколку пријават дека биле сведоци на врсничко насилтво, не се „поткажувачи“, туку ја прават исправната работа. Преку сведочење, а не пријавување на насилство, доста од учениците индиректно го помагаат насилниот чин, велат психолозите.

Извор: Радио МОФ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *