Бугарија ја продолжи вонредната состојба

Бугарија ја продолжи вонредната состојба

 

Бугарската влада донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули поради новиот бран коронавирус и зголемувањето на бројот на новозаразени, соопшти денеска бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев.

Бугарија неодамна ги олесни рестриктивните мерки, но минатата недела, поради 606 нови случаи, најголемото неделно зголемување на бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата, одлучи да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули.

Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани нови 130 случаи, со што вкупниот број на заболени е 4.114, а 208 лица починале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *