Бугарија воведува измени во користењето на “винетките”

Р. Бугарија воведува мали промени во користењето на таканаречените “винетки”

Нашиот источен сосед воведе новини во начинот на користење на винетките без кои сите знаеме дека не можеме да патуваме во нашето најблиско соседство. Новините се во тоа што наместо како досегашната пракса винетките да важат до 31 јануари без разлика во кој месец од годината се купени отсега годишните винетки ќе се користат од датумот кога е купена до истиот период наредната година. Така на пример ако винетката е купена на 1 јануари или 4 мај 2018 година истата ќе важи до 1 јануари односно 4 мај следната година. Новините ќе важат од 1 јануари 2018 година, а бидејки сеуште важи стариот начин за користење на винетките за оние кои ќе патуваат во Бугарија пред новогодишните празници постои можност купените винетки пред 1 јануари да бидат регистрирани како важечки и во следната година. Што се однесува до цените на винетките од неделни до годишни тие остануваат непроменети, цената за неделна винетка изнесува 15 лева додека годишната винетка е со цена од 97 лева.

Leave a Reply

Your email address will not be published.