Брзи кредити се делат се повеќе. Резултат – илјадници банкротирани семејства!

46 милиони евра  брзи кредити се поделени за три месеци, што е за 58% повеќе од лани и 170%  за две години, анализира специјализираниот портал  Индекс 7. Во денари, во последните три години  пласманот на овие кредити бил следниот:  2017-та 1,3 милијарди денари, 2018 2,4 милијарди денари и 2019 3,2 милијарди денари или околу 53 милиони евра.

Дека бизнисот со брзите кредити е во фаза на цветање потврдува и фактот што  од само  три  на почетокот, сега во овој бизнис има  дури 24 вакви друштва.

Колку е паметно, или колку човек треба да е во неволја  за  да се бараат пари со 18% месечна камата па макар тоа да биле и помали суми? Баснословноста на каматите и другите скриени трошоци,  ја принуди државата да интервенира и да ги спасува граѓаните од  овие легални лихвари, но резултатот е уште поголема сиромаштија, работа за извршителите и банкротирани семејства.

Дали државата вистински сака да  ги заштити граѓаните од лихварите кои на нивните маси секојдневно  распнуваат по некоја човечка кожа?  Одговорот е јасен ако со само еден поглед во Централниот регистар  се види кој  ги управува овие друштва. Од  бивши и сегашни  политичари, па се  до  луѓе влијателни во  високата политика.

оригинален текст и прилог: ТВ СТАР Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *