БПЦ прифати да биде мајка- црква на МПЦ- ОА

Во духот на Христовото единство, Бугарската православна црква го прифати предлогот на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, за застапување и признавање пред останатите православни цркви…

Синодот на Бугарската православна црква одлучи да го прифати предлогот на Македонската православна црква и да даде целосна помош во посредувањето пред останатите помесни цркви за утврдување на канонскиот статус на МПЦ.

Во соопштението издадено по седницата на Синодот на бугарската патријаршија, се вели дека формирана е синодска Архиерејска комисија од осум члена, која ќе ја застапува МПЦ пред останатите помесни православни цркви за утврдување на канонскиот статус на МПЦ.

„Тоа е најмалку што можеме да направиме. Бидејќи тие се наши браќа, наш народ. И ќе се стремиме да се зачува единството“, изјави бугарскиот патријарх Неофит.

МПЦ-ОА на 9-ти ноември испрати писмо до БПЦ во кое бараше да биде признаена како автокефална црква, а БПЦ да биде нејзината мајка-црква.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *