Бојан Трајковски за Вечер.Мк: Додека ме држат нозете ќе играм за Македонија

Поширокиот списокот од 24 кошаркари на селекторот на македонската репрезентација, Александар Тодоров има доста промени во однос на претходните квалификации за пласман на ЕП 2021 година.

Во составот се враќа Бојан Трајковски, кошаркарот кој во битката за излез од дното во кое се најдовме по последниот настап на ЕП 2015 беше еден од најдобрите во „црвено-жолтиот“ дрес.

Членот на Пелистер ги прескокна средбите против Естонија дома и Русија на гости, не беше ниту на поширокиот список, а причината беше неговата повреда. Токму затоа ако некој има дилеми дали ќе се појави во стројот, Трајковски за СПОРТМЕДИА одговори.

„Не гледам причина зошто не би играл за Македонија. Додека ме држат нозет3 и додека активно играм, секогаш ќе бидам тука за „црвено-жолтиот“ дрес. Да се игра за својата татковина е обврска на секој играч. Среќен сум што успеавме да се издигнеме од оној тежок период во кој се најдовме, ќе бидам уште посреќен ако Македонија повторно заигра на Европските првенства“, ни рече Трајковски.

За жал овој пат пандемијата коронавирус го диктира текот на подготовките, па она што прво посакува искусниот кошаркар е добро здравје, а потоа максимална битка во Талин.

„Навистина е тешко да се функционира во ова време. Добро е што почнавме да играме, но и тоа е со паузи. Им посакувам здравје на сите, не се сомневам дека во Талин ќе одиграме најдобро што знаеме“.

Репрезентативците утре ќе направат ПЦР тест, а веќе следниот ден ќе му бидат на располагање на Тодоров. Нешто подоцна по завршување на АБА обврските ќе се приклучат играчите од МЗТ Скопје и Работнички.

Македонија пред да тргне во Талин мора да направи два ПЦР тестови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *