Бошко Ступиќ го засилува нападот на ФК Каменица САСА

ФК Каменица САСА до своите фудбалски фанатици и навивачи, со особена чест и задоволство го претстави Бошко Ступиќ, новото супер засилување на екипата во претстојната второлигашка сезона.

“Бошко Ступиќ е искусен фудбалер, роден 1984 година и е поранешен играч на Леотар БИХ, Силекс, Вардар, Истра Хрватска, Работнички, Пелистер, Брегалница, Кизилстар Казахстан и Кит-Го Пехчево. Игра на позицијата напаѓач” – стои во соопштението за јавност од управата на ФК Каменица САСА, од каде на Бошко му посакуваат успешна сезона во редовите на каменичкиот второлигаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *