Бошко Стаменковски се враќа со злато од “Вршац Опен 2018”

Уште еден златен медал за нашиот сограѓанин Бошко Стаменковски. Каменичкиот “лифтер” кој има најмногу медали во овој спорт викендов учествуваше на “Вршац Опен 2018”, првенство кое по 22 пат го организираше Српската power lifting федерација.
Бошко Стаменковски златото го освои во дисциплината “бенч-прес” каде настапи во категоријата за натпреварувачи под 74 килограми. На ова натпреварување кое ги собра најдобрите пауер-лифтери од регионот гостуваше и претседателот на Светската Powerlifting федерација господинот Гастон Парага. Настанот се одржа во спортската сала на земјоделското училиште “Вршац”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *