Биткоин рударите трошат 4 пати повеќе електрична енергија од Македонија

Image courtesy of Power Compare

Македонските граѓани и индустријата заедно трошат 6,96 TWh електрична енергија годишно. Копачите на криптовалута глобално трошат 29,05 TWh електрична енергија, или 4.17 пати повеќе од Македонија. На оваа листа Македонија не е осамена, над 20 држави од Европа, трошат помалку електрична енергија од крипто-рударите.

Високата цената и растот на популарноста на криптовалутите предизвика голем интерес и голем број на копачи. Колкав е точно овој број е непознато, но можеби добар показател е потрошената електрична енергија.

 

Само последните 30 дена електричната енергија потрошена на копање на Bitcoin пораснала 30%. Ако продолжи со овој раст, Bitcoin теоретски до 2020 година ќе ја троши целата произведена електрична енергија, вели анализата на PowerCompare.

На листата на европски држави кои трошат помалку од биткоин рударите се:

  • Словачка – 102,43%
  • Србија – 107,94%
  • Ирска – 116,20%
  • Унгарија – 124,80%
  • Исланд -170-88%
  • Хрватска – 171,18%
  • Словенија – 223,46%
  • Босна и Херцеговина – 264,09%
  • Литванија – 293,43%
  • Грузија – 296,43%
  • Естонија – 354,27%
  • Албанија – 372,77%
  • Македонија -417,39%
  • Латвија – 427,21%
  • Луксембург – 468,55%
  • Кипар – 744,87%
  • Косово – 1006,24%
  • Црна Гора – 1037,50%
  • Малта – 1452,50%
  • Андора – 5165,36%
  • Гибралтар – 145,25%

Во Африка распоредот е и полош, единствено 3 држави Јужно Афричка Република, Египет и Алжир користат повеќе електрична енергија од копачите на Bitcoin.

Доколку сите или барем најголемиот дел од постројките за креирање на bitcoin се на локации со евтина електрична енергија, сметката за струја на крајот на годината би изнесувала 1.5 милијарди долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *