Биткоинот цвета, има раст од 5.000%

Вредноста на втората најголема криптовалута Етериум пораснала на 425,55 долари.

Пазарната капитализација на Етериум се приближува до сума од 40 милијарди долари, а неговата добивка оваа година е поголема од 5 000 отсто. На почетокот на 2017 година една монета етериум можеше да се купи за 8,27 долари.

Биткоинот и натаму ниже рекорди, така да тој бил на ново ниво од 8 293 долари.

-Само во последните неколку дена етериумот почнал да се качува и мислам дека наскоро ќе достигне нов рекорд. Мислам дека ќе ја заврши годината со околу 500 долари“, вели брокерот Новограц.

Тој мисли дека инвеститорите вложуваат пари во криптовалути како биткоин поради недостигот на доверба во финанскиските институции по економската криза во 2008 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.